Akcija24.mk и „Донирај Компјутер“ ја отворија првата модерна ИТ училница во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“

- Advertisement -

Онлајн продавницата за мебел Akcija24.mk, во партнерство со непрофитната и независна граѓанска организација „Донирај Компјутер“, реализираше целосна донација за информатичката училница во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кисела Вода.

Донацијата опфаќа целосно реновиран и редизајниран простор од страна на Akcija24.mk, како и реставрирани компјутери за секое дете, обезбедени од страна на „Донирај Компјутер“. Училницата е дизајнирана да биде современа, инспиративна и функционална.

- Advertisement -

„Веруваме дека секое дете заслужува соодветни ресурси за учење – не само технички, туку и простор што инспирира. Секогаш кога имаме можност, се вклучуваме во вакви акции, особено кога тие го надминуваат класичниот, конвенционален пристап во образованието. Затоа ја дизајниравме оваа училница да биде забавна, отворена и со фокус на тимската работа – вредност што е и суштина на нашата организациска култура,“ – изјави г. Кристијан Димоски, основач на Akcija24.mk.

Училницата е уредена во стилот на модерните канцеларии на Akcija24.mk, со распоред што поттикнува соработка, комуникација и активна вклученост на учениците.

- Advertisement -

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, г. Орце Ѓорѓиевски, кој ја поддржа иницијативата:

„Ова е вистински пример за успешна соработка меѓу граѓанскиот и приватниот сектор во корист на образованието. Горди сме што ваква иницијатива се реализира токму во нашата општина и ќе продолжиме да даваме поддршка за вакви прогресивни проекти,“ – изјави г. Ѓорѓиевски.

- Advertisement -

Со овој заеднички потег, Akcija24.mk и „Донирај Компјутер“ не само што овозможуваат подобри услови за учење, туку активно придонесуваат кон создавање генерација ученици подготвени за дигиталниот свет – во училишта што инспирираат, мотивираат и ги следат вредностите на современото време.

Сподели!
- Advertisement -