Њујорк повторно е градот со најмногу милионери во светот

- Advertisement -

Њујорк повторно е прогласен за најбогат град во светот, според најновиот извештај на Henley & Partners за 2025. Во градот кој никогаш не спие дури еден од 22 жители е милионер, што дополнително го потврдува неговиот статус на светска финансиска престолнина.

Иако бројот на милијардери во Њујорк опадна, од минатогодишните 500 на сегашните 384, градот сè уште бележи зголемување на бројот на милионери, што укажува на континуирана силна динамика на богатството меѓу поширокото богато население. Со други зборови, најбогатите можеби заминаа, но пристигнуваат нови богаташи.

- Advertisement -

САД продолжуваат да доминираат на листата со најбогати градови во светот – дури 11 американски метрополи се најдоа меѓу 50-те најбогати. Сан Франциско и Заливот се на второто место, а потоа следат Лос Анџелес (5. место), Чикаго (10. место) и Хјустон, Далас и Мајами, кои исто така се во топ 50.

Покрај познатите светски финансиски центри како Токио, Лондон и Сингапур, се издвојуваат градовите со брзорастечка популација на милионери. Шенжен и Дубаи бележат нагло зголемување на бројот на богати граѓани, што се припишува на развојот на технолошкиот сектор и миграциските текови.

- Advertisement -

Шенжен, кинески град кој некогаш беше рибарско село, сега се смета за еден од глобалните лидери во областа на електрониката и иновациите и брзо се позиционира како Силиконската долина на Азија. Овие податоци не одразуваат само каде се наоѓа капиталот, туку и како се редистрибуира богатството во светот, во која насока се движи, кој го привлекува и што стои зад новата генерација милионери.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -