Француски бренд направи часовник без стрелки: инспириран е од вселената

- Advertisement -

Младиот француски бренд за часовници SpaceOne, основан во 2023 година, претстави нов футуристички модел кој ја следи естетиката по која брендот стана препознатлив. Новиот WorldTimer комбинира дизајн инспириран од вселената и автомобилите и доаѓа во ограничено издание од само 600 парчиња.

По успехот на моделите Jumping Hour и Tellurium, WorldTimer е дизајниран како идеален придружник за оние кои често патуваат низ светот. Неговиот изглед ја комбинира естетиката на вселенско летало со елементи на автомобилски дизајн, а дизајнерот Оливие Гамие повторно е одговорен за дизајнот, објавува Hypebeast.

- Advertisement -

Наместо класични стрелки, WorldTimer користи систем на ротирачки дискови: на позицијата 3 часот има диск за минути, во средината е оној за секунди, додека на позицијата 6 часот има диск за 12-часовен приказ.

Друга посебна карактеристика на часовникот се двата коаксијални дискови на 9 часот, кои прикажуваат 24-часовно време и соодветните градови. Исто така, постои и интуитивна круна со три позиции: првата се користи за рачно навивање, втората за брзо прилагодување на дискот за градови, а третата овозможува синхронизирано прилагодување на 12-часовниот и 24-часовниот дисплеј.

- Advertisement -

Куќиштето на часовникот е направено од титаниум од 5-та класа, познат по својата цврстина и мала тежина, со комбинација од полирани, четкани и пескарени површини, кои создаваат интересни рефлексии. Купола од сафирен кристал ги штити времето и дискот за градови, а воедно го подобрува футуристичкиот изглед на часовникот.

Внатре се наоѓа автоматскиот механизам Soprod P024, со фреквенција од 28.800 вибрации на час и резерва на енергија од 38 часа. Компликацијата WorldTimer е развиена во компанијата и склопена во Париз, дополнително потврдувајќи ја посветеноста на SpaceOne на прецизна механика.

- Advertisement -

Часовникот доаѓа во ограничено издание од 600 парчиња – во сребрена (300 парчиња), сина (200 парчиња) и црна (100 парчиња) варијанти на куќиштето. Преднарачките започнуваат на 26 јуни, а цената е 3.375 евра.

(Index.hr)

(фото: Space One)

Сподели!
- Advertisement -