Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 50 проценти против ЕУ, кои требаше да стапат на сила на 1 јуни, но одлучи да го продолжи рокот за преговори до 9 јули.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека го добила најновиот предлог од американската страна за понатамошни преговори за царинските давачки, нагласувајќи дека Унијата е подготвена за договор, но и за ситуацијата кога нема задоволителен договор.
„Го добивме најновиот американски документ за понатамошни преговори, кој сега го проучуваме. Подготвени сме за договор, но во исто време се подготвуваме за можноста да не се постигне задоволителен договор“, изјави фон дер Лајен по завршувањето на самитот на ЕУ.
Таа истакна дека Комисијата ќе ги брани европските интереси во преговорите за царинските давачки и дека сите опции „остануваат на маса“. Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 50 проценти против ЕУ, кои требаше да стапат на сила на 1 јуни, но одлучи да го продолжи рокот за преговори до 9 јули.
Во моментов има царини од 10 проценти на САД за повеќето европски стоки и царини од 25 проценти за автомобили, челик и алуминиум.
Фото – Picryl