Американскиот милијардер Елон Маск изјави дека ја формирал Американската партија со цел, како што рече, да ја врати слободата на американскиот народ.
„Кога станува збор за банкротирање на нашата земја преку расипништво и корупција, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија. Денес Американската партија е формирана за да ја врати вашата слобода“, рече Маск на мрежата X.
Тој го кажа ова еден ден откако мрежата X објави анкета во која две третини од испитаниците рекоа дека се согласуваат со формирањето нова партија.
На почетокот на јуни Маск ја објави можноста за формирање нова партија, по јавните несогласувања со американскиот претседател Доналд Трамп.
Во тоа време тој го прифати предлогот на еден следбеник на X новата партија да се нарече Американска партија (America Party), слично на името на Америка ПАК (America PAC), политички акционен комитет кој Маск го основаше минатата година.
Тој комитет собра 239 милиони долари за да им помогне на Трамп и на другите републикански кандидати на изборите во 2024 година.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)