НАСА ја откри планетата TWA 7b со помош на телескопот James Webb, оддалечена 34 светлосни години, која има околу 100 пати поголема маса од Земјата и се наоѓа во зона потенцијално погодна за живот. Прелиминарните анализи сугерираат дека станува збор за млада и ладна планета, со температура од околу 49 степени Целзиусови, што се вклопува во температурниот опсег во кој може да опстане животот.
Планетата орбитира околу млада црвена џуџеста ѕвезда, TWA 7, опкружена со диск од прашина, пишува НАСА на својата веб-страница, наведувајќи дека станува збор за планета слична на Сатурн.
Ова е прво директно снимање на планета со телескопот James Webb, користејќи техника со висок контраст, што овозможува откривање на слаби објекти покрај светли ѕвезди. Откритието потврдува дека телескопот може да пронајде и планети со мала маса во близина на ѕвездите и дава нови сознанија за формирањето и структурата на планетарните системи.
(021)
(фото: Pixabay)