Ова е најдобрата европска дестинација за летна забава

- Advertisement -

Ибица повеќе не ја носи титулата најдобра дестинација за забава во Европа. Според нова студија на платформата GetYourGuide и DailyMail, Аја Напа моментално е на тронот на најдобрата летна забава. Оваа туристичка дестинација на југоисточниот брег на Кипар и ја одзеде таа титула, па затоа не е изненадувачки што е исклучително популарна меѓу младите.

Покрај прекрасните плажи и кристално чистото море, нуди и голем број (плажни) барови и ноќни клубови, кои работат до доцна во ноќта. Можете да изберете од сèЧ од класично прошетка по пабови на таканаречениот Стрип Аја Напа или центарот на одморалиштето, до забави на бродови.

- Advertisement -

Влезот во ноќните клубови се наплаќа од 10 до 30 евра по лице, а најпопуларниот дефинитивно е Castle Club. Треба да ги посетите и Senior Frog’s Party Bar и Ambassaden Bar.

Алкохолните пијалоци се продаваат по цена од 5 до 10 евра по чаша, што е половина од цената на слични места на Ибица. За време на hapyhour во некои барови во Аја Напа локалното пиво може да се пие за 2,5 евра.

- Advertisement -

А сместувањето е многу поевтино отколку на Ибица – во екот на сезоната соба може да се резервира од 50 евра нагоре.

И покрај големата популарност меѓу младите кои сакаат забава, локалните власти се обидуваат да го трансформираат местото во космополитско одморалиште, кое ќе привлекува различни типови луѓе и возрасти. Со години работат на подобрување на хотелските содржини и проширување на културните и другите понуди.

- Advertisement -

На пример, во август 2021 година тие ја отворија првата подводна шума во светот, Музејот на подводни скулптури од британскиот уметник Џејсон ДеКаирес Тејалор, сместен на длабочина од 8 до 10 метри во близина на познатата плажа Пернера во Аја Напа, што е идеално за ентузијастите за нуркање.

(Pun Kufer)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -