Цукерберг на суд – доби тужба од дури 8 милијарди долари!

- Advertisement -

Марк Цукерберг, извршен директор на Meta (сопственик на Facebook. Instagram и Вотсап), ќе биде во центарот на вниманието оваа недела во необично судење, вредно осум милијарди долари. Акционерите на Мета го обвинуваат Цукерберг и други поранешни и сегашни раководители на компанијата дека го водат Facebook како „нелегално претпријатие“, овозможувајќи неовластено собирање на кориснички податоци.

Тужбата на акционерите се заснова на наводно кршење на договорот од 2012 година со Федералната трговска комисија (FTC) на Соединетите Американски Држави, во кој Facebook се обврза активно да ја заштити приватноста на своите корисници.

- Advertisement -

Коренот на овој правен спор лежи во откритието од 2018 година дека британската консултантска фирма Cambridge Analitics. нелегално ги добила личните податоци на милиони корисници на Facebook. Фирмата била вклучена во претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Акционерите бараат Закерберг и другите обвинети да вратат повеќе од 8 милијарди долари на компанијата, што е износот што Meta го плати во казни и трошоци поврзани со овој скандал. Ова вклучува рекордна казна од 5 милијарди долари изречена од ФТЦ во 2019 година, токму поради непочитување на договорот од 2012 година.

- Advertisement -

Меѓу обвинетите се познати имиња како што се поранешната оперативна директорка Шерил Сандберг, инвеститорот Марк Андресен и поранешните членови на одборот Питер Тил (коосновач на Palantir) и Рид Хејстингс (коосновач на Netflix). Cuкерберг и другите не коментираа јавно за обвинувањата, но ги отфрлија како „екстремни“ во судските поднесоци. Важно е да се напомене дека самата Meta не е обвинета во овој конкретен случај.

Судењето, кое се одржува без порота во Вилмингтон, Делавер, ќе трае осум дена, почнувајќи од среда. Иако ќе се фокусира на настани стари речиси една деценија, имено дали лидерите на Facebook ги исполниле своите обврски од 2012 година, случајот доаѓа во време кога Мeta продолжува да се соочува со критики за приватноста на корисниците, особено во контекст на користење на податоци за обука на вештачка интелигенција. Компанијата тврди дека инвестирала милијарди долари во подобрување на заштитата на приватноста од 2019 година.

- Advertisement -

Обвинителите инсистираат дека Facebook, дури и по спогодбата од 2012 година, продолжил да се вклучува во измамнички практики по налог на Cuкерберг. Одбраната, од друга страна, тврди дека компанијата формирала наменски тимови за надзор на приватноста и ангажирала независни агенции за надзор, тврдејќи дека Facebook, всушност, бил жртва на измама од страна на Cambridge Analitics.

Покрај проблемите со приватноста, Цукерберг се соочува и со обвинувања дека продал акции во вредност од најмалку 1 милијарда долари, знаејќи дека скандалот ќе предизвика пад на цената на акциите. Одбраната тврди дека продажбите биле извршени во согласност со однапред договорен план за тргување со акции, кој го штити од трошоци за инсајдерско тргување, и дека средствата биле наменети за филантропски цели.

(Kamatica)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -