Револуционерен метод на вештачко оплодување спаси осум деца од наследни болести

- Advertisement -

Осум деца во Велика Британија избегнаа тешки митохондријални заболувања благодарение на револуционерен метод на медицински потпомогнато оплодување, развиен од научници од Универзитетот во Њукасл. Техниката, опишана во весникот New England Journal of Medicine, е забранета во САД.

Постапката започнува со оплодување на мајчината јајце клетка со спермата на таткото. Јадрата на јајце клетката и спермата, кои ја содржат ДНК на родителите, се одделуваат и се пренесуваат на јајце клетка од донор со здрави митохондрии, од кои претходно се отстранети нејзините јадра. Овој метод, познат како пронуклеарен трансфер, резултира со ембрион кој ја има нуклеарната ДНК на родителите и здравите митохондрии на донорот.

- Advertisement -

Професорката Мери Херберт, водечки автор на студијата, на прес-конференција објасни дека постапката, во суштина, ја заменува дефектната митохондријална ДНК (mtDNA) со здрава mtDNA од донорот. Британските научници објавија дека мутациите на mtDNA во крвта на новороденчињата се намалени за 95% до 100% во шест случаи, а од 77% до 88% во преостанатите два, во споредба со нивоата на овие мутации кај нивните мајки.

Овие податоци укажуваат дека пронуклеарниот трансфер бил ефикасен во намалувањето на преносот на болести на mtDNA, велат авторите на студијата.

- Advertisement -

Од 22 жени вклучени во постапката за медицински потпомогната репродукција, осум се породиле, а една е сè уште бремена. Децата, од новороденчиња до двегодишна возраст, покажале нормален развој и ниски нивоа на мутации. Седум бремености биле без компликации, а една вклучувала покачени нивоа на липиди. Немало спонтани абортуси.

Д-р Енди Гринфилд од Универзитетот во Оксфорд, кој не бил вклучен во студијата, нагласил дека резултатите се кулминација на децениска работа, вклучувајќи етички дискусии, законодавство и јавни консултации. Тој додава дека богатството на истражувачки податоци што ги собрале може да отвори нови научни насоки.

- Advertisement -

Велика Британија го легализираше истражувањето за митохондријална донација кај луѓето во 2015 година. Истата година Конгресот на САД ефикасно го забрани пронуклеарниот трансфер, спречувајќи ја Администрацијата за храна и лекови (FDA) да ја надгледува употребата на таканаречената наследна генетска модификација.

(Reuters)

(фото: stocksnap.io)

Сподели!
- Advertisement -