Стапуваат на сила новите правила за во ЕУ: нема повеќе печати

- Advertisement -

Европската комисија денес објави дека постепената имплементација на новиот систем за влез/излез (EES) во земјите од Шенген зоната ќе започне на 12 октомври, кој ќе го следи движењето на државјаните на трети земји за време на кратки престои во 29 европски земји.

Како што е наведено, EES дигитално ќе го евидентира влезот и излезот на патниците, заменувајќи го претходното рачно печатирање на пасошите и собира биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти и фотографии на лицето.

- Advertisement -

Новиот систем EES ќе овозможи поефикасно управување со надворешните граници на ЕУ, откривање на пречекорувања на дозволениот престој, како и случаи на злоупотреба на идентитет и документи. Како што е наведено, постепената имплементација на системот ќе трае шест месеци, во текот на кои граничните служби ќе почнат да ги евидентираат податоците на патниците од трети земји.

Во текот на шестмесечната фаза на имплементација граничните контроли постепено ќе почнат да евидентираат податоци во 29 земји од Шенген зоната. Системот е дел од пакетот „Паметни граници“, со кој ЕУ ги модернизира безбедносните протоколи на надворешните граници.

- Advertisement -

Иако сè уште не е лансиран, Европското електронско авторизирање за патување (ETIAS) веќе го доживува своето прво зголемување на цената. Наместо претходно најавените 7 евра, сите патници од земји на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ – вклучувајќи ги и граѓаните на САД – ќе мора да платат 20 евра за овластување од крајот на 2026 година.

ETIAS е електронски систем за претходна овластување за влез во Шенген зоната и се однесува на 59 земји кои имаат безвизен режим со ЕУ, вклучувајќи ги САД, Канада, Австралија, Обединетото Кралство и Србија.

- Advertisement -

Системот не е класична виза: нема посета на конзулат, не е потребна дополнителна документација или биометриски податоци. Апликацијата се поднесува онлајн, а одобрението обично се добива во рок од неколку минути до неколку дена.

„ETIAS не е виза и не воведува визни обврски. Нема физичка посета на амбасадата или земање отпечатоци од прсти“, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер.

Дозволата важи три години или до истекот на пасошот, а за патници под 18 години или над 70 години овластувањето е бесплатно.

Според Европската комисија, одлуката за зголемување на цената доаѓа поради растечките трошоци за дигитална инфраструктура и сајбер безбедност. Иако системот сè уште не стапил во сила, ова е второ одложување на роковите, со оглед на тоа што првичното лансирање беше најавено во 2016 година, а првиот рок за почеток на имплементацијата беше 2022 година.

„Целта на ETIAS е да се подобри безбедноста на ЕУ, а во исто време да се олесни влезот на патниците во Шенген“, се вели во официјалното соопштение.

(Nova)

Сподели!
- Advertisement -