Топ 20 градови со најмногу облакодери во светот

- Advertisement -

Се прашувате каде има повеќе облакодери од обични згради? Па, тоа е прашањето што си го поставил Советот за високи згради и урбано живеалиште и решил да ги изброи сите. Резултатот? Апсолутен победник е Хонгконг, азиската метропола која денес ја носи титулата „највисок“ град во светот, со дури 560 официјални облакодери. Нема друг град кој успеал толку спектакуларно да го скроти ограничениот простор и да го претвори во чисто архитектонско чудо – како да е направен за снимање научно-фантастичен филм.

Во Хонгконг секој квадратен метар има своја цена – буквално. Ридестиот терен и густото население ги принудија урбанистите да заборават на ширината – и да полетаат во височините. Така е роден еден од најмодерните градови на планетата, пишува luxlife.

- Advertisement -

Меѓу гигантите што доминираат на хоризонтот особено се издвојува Меѓународниот трговски центар – зграда висока 484 метри со 118 ката, која не само што изгледа како да дошла од иднината, туку е и една од најодржливите згради во светот. Постојат и други гиганти, како што се двете кули на Меѓународниот финансиски центар (416 м и 412 м) и неизбежната кула на Банката на Кина, иконска, асиметрична кула дизајнирана од И.М. Пеи, инспирирана од бамбусот – симбол на сила, флексибилност и раст.

А кога ќе падне ноќта, градот се претвора во сцена од дигитален сон. Секој ден по 20 часот Симфонијата на светлата – најголемите светлосни инсталации во светот – ги осветлува фасадите на облакодерите и го трансформира градот во подвижна уметничка галерија под отворено небо. А вие стоите на шеталиштето, и се прашувате дали е вистинско?

- Advertisement -

Секако, тука се и другите светски гиганти. Њујорк, Дубаи – сите тие имаат со што да се пофалат. Но, Азија игра во поинаква лига. Меѓу 20-те највисоки градови во светот, дури 11 се во Кина.

Ова е целосната листа со топ 20 градови со најмногу облакодери во светот:

- Advertisement -
  1. 1.Хонг Конг, Кина
  2. 2.Шенжен, Кина
  3. 3.Њујорк, САД
  4. 4.Дубаи, ОАЕ
  5. 5.Гуангжу, Кина
  6. 6.Шангај, Кина
  7. 7.Куала Лумпур, Малезија
  8. 8.Вухан, Кина
  9. 9.Токио, Јапонија
  10. 10.Чонгкинг, Кина
  11. 11.Чикаго, САД
  12. 12.Бангкок, Тајланд
  13. 13.Ченгду, Кина
  14. 14.Џакарта, Индонезија
  15. 15.Мумбаи, Индија
  16. 16.Торонто, Канада
  17. 17.Шенјанг, Кина
  18. 18.Сингапур, Сингапур
  19. 19.Нанинг, Кина
  20. 20.Хангжу, Кина

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -