Според Глобалниот индекс на иновации за 2025 година, Швајцарија 15-та година по ред на тронот

- Advertisement -

Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) вчера го претстави 18-то издание на Глобалниот индекс на иновации (GII) во своето седиште во Женева, кое вклучува 139 земји и 100-те најдобри кластери од науката и технологијата во светот. GII е водечка референца за мерење на иновациските перформанси на економиите ширум светот и е изграден врз голем сет на податоци, односно збирка од 81 индикатор од меѓународни јавни и приватни извори. Притоа, ги мери иновациите врз основа на критериуми што вклучуваат институции, човечки капитал и истражување, инфраструктура, софистицираност на бизнисот, софистицираност на пазарот, резултати од знаењето и технологијата и креативни резултати. Покрај тоа, GII ги идентификува и 100-те најдобри научни и технолошки кластери во светот.

Според Глобалниот индекс на иновации за 2025 година, Швајцарија го освои првото место 15-та година по ред, Шведска го задржа второто место, а Соединетите Американски Држави се на третото место. По нив следуваат Република Кореја, која напредуваше од 10-то место во 2023 година на четврто место за две години, Сингапур, кој е петти, Обединетото Кралство на шесто, Финска на седмо, Холандија на осмо, Данска на деветто и Кина на десетто.

- Advertisement -

Кина влезе во првите 10 рангирани земји за прв пат и е единствената економија со среден приход во првите 10 земји според GII. Набљудувано во периодот од 2013 година, во оваа група земји најбрзо растечки се Кина, Индија, Турција, Виетнам, Филипини, Индонезија, Мароко, Албанија и Иран, кои се рангирани меѓу првите 70 економии, се наведува.

Седумнаесет економии со среден и низок приход имаат надпросечни резултати во иновациите во однос на нивното ниво на развој. Така, 15-та година по ред, Индија и Виетнам постигнаа резултати во областа на иновациите над очекувањата за нивното ниво на развој, по што следат Руанда и Украина.

- Advertisement -

Фото – Pikist

Сподели!
- Advertisement -