Луксембург воведе паметни автобуси без возачи

- Advertisement -

Луксембург започна пилот-проект со два бесплатни автономни електрични шатлови во градот Еш, кои се дел од проект на националната железничка компанија (CFL). Компанијата е тест платформа за иднината на паметната мобилност.

Два автономни, електрични шатл автобуси се пуштени во употреба во овој град, кои се дел од јавниот превоз. Тие сообраќаат по улиците на градот во работните денови од 9 до 14 часот, на рута долга пет километри. Нивната максимална брзина е 25 километри на час. Тие претставуваат додаток на редовниот градски сообраќај.

- Advertisement -

Возилата се опремени со сензори, ласери и уред за откривање пречки на патот, па граѓаните се предупредени да не трчаат преку улицата пред ова возило.

Иако овие возила се без возач, прописите бараат возачот да биде во возилото, поради неочекувани ситуации, објави Luxembourg Times.

- Advertisement -

Два шатлови ја поврзуваат железничката станица со универзитетот и средното училиште. Овие возила се наменети да ги надополнат, а не да ги заменат постојните опции за мобилност.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -