Кога есента ги скратува деновите, имаш време да ги зголемиш твоите планови. И причина плус да ги реализираш со Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка, кој сега е со намалени каматни стапки од само 4,9% фиксна во првите 3 години и 5,9% променлива за останатиот период.
Потрошувачкиот кредит со износ до 2.000.000 денари и со поволни каматни стапки сега те носи до твоето среќно решение – без разлика дали тоа значи поубав дом, ново патување, образование, семејна веселба… Затоа што вистинската среќа доаѓа и со среќата на твоите најмили.
Со Потрошувачкиот кредит од Комерцијална банка добиваш:
Поголема куповна моќ до 2.000.000 денари – доволно за поголеми планови и посериозни вложувања
Пониски каматни стапки – 4,9% фиксна во првите 3 години и 5,9% променлива за останатиот период
Флексибилни услови на отплата – со рок до 95 месеци, можност за одложена отплата од 6 месеци и без провизија за предвремена отплата
Вклучено осигурување – преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје за поголема сигурност и мир.
Тимот на Комерцијална банка е тука за да ти помогне да го претвориш секој план во среќна приказна. Со новото финансиско решение овозможуваме твоите желби и планови да станат реалност побрзо, полесно и со јасна финансиска предвидливост. И, што е уште поважно, без да правиш компромиси за важните работи.
Со Потрошувачкиот кредит до 2.000.000 денари и атрактивните услови со кои доаѓа го добиваш најважното – сигурност и поддршка во моментите кога ти се најпотребни.
Повеќе информации за условите, калкулатор за рата и потребните документи за аплицирање за Потрошувачкиот кредит дознај на следниот линк.