Хрватска ФИНА доби зелено светло за преземање на Македонската берза

- Advertisement -

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својата 68-ма седница, претседавана од претседателот на Комисијата, Бујаре Абази, донесе одлука со која се овластува правното лице Финансиска агенција (ФИНА) од Република Хрватска да стекне квалификуван удел во Македонската берза АД Скопје преку Загрепската берза д.д.

Според одлуката, ФИНА може да стекне акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30% од вкупните издадени акции со право на глас на Македонската берза АД Скопје. ФИНА, чиј единствен основач и сопственик е Република Хрватска, веќе доби согласност од хрватскиот регулатор ХАНФА за директно стекнување на квалификуван удел во Загрепската берза д.д.

Доколку понудата за преземање е успешна, ФИНА може директно да стекне 50% + 1 акција во Загрепската берза д.д., со што индиректно ќе стекне 14,99% удел во Македонската берза АД Скопје. Во случај ФИНА да го достигне максималниот удел од 100% во Загрепската берза д.д., нејзиниот индиректен удел во Македонската берза АД Скопје би изнесувал 29,98%.

- Advertisement -

(Seebiz.eu)

Сподели!
- Advertisement -