Meta за Engadget потврди дека апликацијата ќе биде целосно укината на 15 декември, по што најлесниот начин за пристап до Messenger разговорите, кога не се користи мобилен уред, ќе биде преку Facebook апликацијата на Windows или преку веб-страниците на Facebook и Messenger.
Компанијата не даде објаснување зошто се откажува од десктоп верзиите на Messenger, но на страницата за поддршка се наведува дека корисниците ќе добијат известување за гасењето и дека пристапот до апликацијата ќе биде блокиран по 15 декември.
За разговорите да останат зачувани и во иднина, Meta наведува дека корисниците треба да ја вклучат безбедната меморија (secure storage) и да додадат PIN код на својот профил. За да се осигура дека разговорите ќе бидат архивирани, треба да кликнете на иконата со запчаникот над фотографијата на профилот, да изберете Privacy & Safety, а потоа End-to-end encrypted chats. На крај кликнете на Message storage и проверете дали е вклучена опцијата Turn on secure storage
Meta официјално го одвои Messenger од Facebook во 2014 година, со цел да создаде фокусирано искуство за размена на пораки, одвоено од многубројните функции кои тогаш ги нудеше социјалната мрежа. Подоцна, компанијата се обиде да ги поврзе Messenger и Instagram Direct во една заедничка комуникациска платформа, но од таа идеја се откажа во 2023 година.
Одлуката на Meta да ја укине десктоп апликацијата најверојатно ја одразува реалноста дека повеќето корисници претпочитаат да ги користат мобилните апликации или веб-верзиите на компанијата.