ЕУ го забрани увозот на руски гас

- Advertisement -

Вчера, министрите за енергија на земјите-членки на Европската Унија го поддржаа предлогот за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас до јануари 2028 година, објави Советот на ЕУ. На состанокот во Луксембург, министрите одобрија планови што предвидуваат постепено укинување на новите договори за увоз на руски гас од јануари 2026 година, постојните краткорочни договори од јуни 2026 година и долгорочните договори до јануари 2028 година.

Предлагач на одлуката е Европската комисија и таа го доби потребното мнозинство во Советот, каде што само две земји без излез на море беа противv – Унгарија и Словачка, но квалификувано мнозинство беше доволно за оваа одлука. Формално, оваа одлука е мандат до Советот за преговори со Европскиот парламент, чија согласност сега е потребна за да стапи во сила.

- Advertisement -

Но, нема сомнение дека ќе се постигне меѓуинституционален договор бидејќи Парламентот досега бараше таква мерка повеќе од другите институции на ЕУ. Оваа одлука е продолжение на мерките на Европската Унија, чија цел е целосно укинување на увозот на гас и нафта од Русија и со тоа постигнување независност на ЕУ од руските производители на енергија“, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, вчера, по повод поддршката на министрите за енергетика на земјите-членки на Европската унија на предлогот за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас, изјави дека не гледа излез од оваа ситуација и дека очекува враќање на претседателот на Србија Александар Вучиќ од Унгарија и се надева дека, како што рече, тој има решение.

Ова се катастрофални вести за нас, навистина катастрофални вести. Не се сеќавам дека неодамна добивме толку сериозни и лоши вести за Србија. Изградивме гасоводи токму за да имаме непречен, безбеден проток на гас до Република Србија“, изјави Брнабиќ за Танјуг.

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -