ПроКредит Банка и ЕБОР одржаа настан посветен на генерациската транзиција во бизнисот – стратешки момент за секоја семејна компанија

- Advertisement -

ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) организираа инспиративен настан “Наследување на семејниот бизнис”, во ресторан “Парк” – Скопје, посветен на генерациската транзиција во семејните компании – тема од суштинско значење за одржливоста и успехот на локалните компании. На настанот присуствуваа сопственици, менаџери и наследници од семејни компании од целата земја кои ја препознаа важноста на навремена подготовка и стратешко водење на промената.

„Генерациската транзиција е клучен процес во развојот и континуитетот на секој семеен бизнис. Затоа е важно да се отвори прашањето за тоа како овие компании можат успешно да ги пренесат вредностите, визијата и трудот што се пренесуваат низ генерации. Со оваа иницијатива сакаме да поттикнеме свесност дека навременото планирање e најзрела форма на визионерско водење и да ја потврдиме нашата посветеност за поддршка на бизнисите во секоја фаза од нивниот развој” – истакна Магдалена Манева, Директор на Експозитура за претпријатија во ПроКредит Банка

- Advertisement -

ЕБОР веќе речиси три децении го поддржува приватниот сектор во земјава, и препознава дека успешното планирање на наследувањето на семејните бизниси, како и непречениот пренос на управувањето на бизнисот се едни од клучните предуслови за долгорочна одржливост и раст на приватните компании.


На настанот учесниците имаа можност да слушнат вредни искуства и практични совети од:

- Advertisement -
  • Борис Вукиќ, Партнер и сениор соработник на “Adizes”, кој сподели регионални примери и пристапи за успешно наследување и развој на семејниот бизнис
  • Глигор Цветанов, Генерален и извршен директор на “Макпрогрес”, кој ја пренесе својата лична приказна, искуство и предизвиците при генерациската транзиција

Во рамки на серијалот „Наследување на семејниот бизнис“, следуваат и работилници кои ќе овозможат подлабинска разработка на темата и размена на практични искуства.
Првата работилница ќе се одржи на 4 и 5 ноември во просториите на Централната управа на ПроКредит Банка, каде 40 учесници ќе имаат ексклузивна можност подетално да се запознаат со клучните аспекти на генерациската транзиција во семејните компании. Сите заинтересирани за работилницата може да се пријават на следниот линк. По завршување на процесот на селекција, сите кандидати ќе бидат навремено известени за резултатот на нивната апликација.

Со ваквите иницијативи, ПроКредит Банка и ЕБОР ја потврдуваат својата посветеност на поддршка на семејните компании во нивниот развој, трансформација и долгорочна стабилност.

- Advertisement -

Бизнис настанот и претстојните работилници се финансиски поддржани од специјалниот фонд на ЕБОР – Small Business Impact Fund (SBIF) – The donors contributing are: Italy, Ireland, Japan, South Korea, Luxembourg, Norway, Sweden, Switzerland, TaiwanBusiness – EBRD Technical Cooperation Fund, the United Kingdom, and the United States of America.

Сподели!
- Advertisement -