Прашањето што извршните директори често го поставуваат на крајот од интервјуто за работа е клучно за оценување на кандидатот, вели Ден Портер, основач на компанијата Overtime. Тој вели дека одговорот на ова прашање веднаш му открива дали кандидатот е вистинскиот избор.
Лошите кандидати, според Портер, откако извршниот директор ќе праша: „Дали имате прашања за мене?“, прашуваат за здравственото осигурување или како е основана компанијата. Од друга страна, најдобрите секогаш велат: “Мило ми е што го прашавте тоа” и имаат подготвено до 20 прашања.
Советничката за кариера и авторка на бестселери, Сузи Велч, се согласува дека прашувањето за бенефициите не е тема за разговор со извршниот директор. Иако е нормално луѓето да бидат заинтересирани за плата и бенефиции, таа советува да не се дискутира за нив сè додека кандидатот не добие понуда за работа, а особено не со извршниот директор.
„Искрено, тие можеби дури и не ги знаат деталите за здравствените придобивки, а ако прашате, веројатно ќе помислат: „Затоа оваа личност сака да работи тука“, додава Велч.
Таа советува да се искористи времето поминато со извршниот директор за да се дискутира за:
Пазарот.
Конкуренцијата.
Идеи за тоа како кандидатот може да ја направи компанијата подобра, попаметна и посилна.
Кандидатите можат да прашаат и за културата на компанијата и ангажманот на вработените, но важно е прашањата да бидат специфични и прецизни, а не „нејасни, полни со жаргон“.
На пример, наместо општо прашање како „Како менаџерите тука ја поддржуваат рамнотежата помеѓу работата и животот?“, многу е подиректно и поефикасно да се праша: „Каква личност не треба да работи во оваа компанија?“
„Искористете го времето за интервју мудро. Нема ништо лошо во тоа да прашувате за придобивките, само прашајте ги вистинските луѓе во вистинско време“ вели Вели..
Кога станува збор за „зелени знамиња“ (особини што ги бара), Портер ги цени карактерот и интелигенцијата пред импресивното резиме.
„Јас им давам приоритет на личноста и интелигенцијата, но не на академската интелигенција, туку на способноста да се размислува за светот“, вели Портер.
Тој дава пример од своето искуство во водењето на компанијата за игри OMGPOP:
„Кога ја водев компанијата за игри, поставив само едно прашање: “Која е вашата омилена игра и зошто?“, објаснува тој.
Ако некој можел детално да објасни што ја прави таа игра да се издвојува од останатите, Портер знаел дека таа личност би била одличен вработен во индустријата за игри.
(Kamatica)



