KIA ги продава своите електрични автомобили со освежувачи што мирисаат на бензин

- Advertisement -

KIA во Финска им понуди на купувачите на електрични автомобили со необичен додаток: специјално миризливо дрво во форма на канистер за бензин, кое мириса на бензин. Овој освежувач на воздух, дистрибуиран за ограничено време на купувачите на новиот електричен модел KIA EV4, е наменет да го ублажи чувството на носталгија кај возачите кои се префрлиле на електрични возила.

  • Освежувачот на воздух со мирис на бензин ги ублажува најлошите симптоми додека преминувате во нова ера на возење” – велат од KIA Финска.

Мирисот, за кој се верува дека содржи ноти на бензин и моторно масло, е развиен од финскиот парфимер Макс Пертула. Целта е да им се даде на возачите кои ги полнат своите автомобили на електрична постојка наместо на бензинска пумпа мирисот на кој се навикнати.

- Advertisement -

KIA не е пионер во оваа идеја. Уште во 2021 година Ford, исто така, разви мирис што потсетува на бензин, нудејќи им го на клиентите на своите електрични возила.

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -