Топ 20 најпријателски градови во светот

- Advertisement -

Колку често се насмевнувате на странец што шета по улицата? И колку е веројатно дека ќе ви се насмевнат? Навидум мали работи, но моменти како овие можат целосно да го променат начинот на кој го доживувате местото, особено кога патувате.

Топлото добредојде, заедно со добрата храна и убавото време, e една од главните причини зошто сакаме да се вратиме некаде. Иако градовите честопати имаат репутација дека се ладни и живи метрополи, тие всушност се мозаик од различни заедници и приказни. Кога ќе се вклучите во разговор со локалното население и ќе го откриете духот на нивните населби, лесно ќе видите дека насмевките и пријателските лица се насекаде околу вас.

- Advertisement -

Порано оваа година беше спроведена анкета меѓу 18.500 жители низ целиот свет. Прашањата се однесуваа на квалитетот на животот, зелените површини, културата, среќата, но и најважното нешто: колку се пријателски градовите кон посетителите.

Резултатите открија многу. На врвот на листата беше Порто, чии жители ги опишаа своите соседи како „добри и љубезни“ во 85% од случаите. Овој процент му ја донесе титулата најпријатен град на планетата. Исто така, високо се рангираше по убавина, среќа и квалитет на живот, што, како што пишува новинарката Маријана Мораис Пињеиро, „покажува дека овој град едноставно не престанува да освојува награди“.

- Advertisement -

На второто место се најде Билбао, шпански град познат по уметноста и тапас, каде што 71% од жителите ги сметаат своите сограѓани за топли и отворени. Шпанија, патем, се издвои особено, со четири од нејзините градови кои се најдоа меѓу првите 20, повеќе од која било друга земја. Можеби тајната лежи во сонцето, лесното темпо на живот и веселиот темперамент.

Третото место му припадна на Меделин, шарен колумбиски град полн со енергија, вкусна храна и ноќен живот. Неговите жители, според истражувањата, се меѓу најсреќните во светот, па затоа не е ни чудо што, како што велат, би ве пречекале со раширени раце.

- Advertisement -

Врз основа на процентот на жители кои го опишале својот град како „пријателски и отворен“, еве ги 20-те места каде што луѓето најмногу се смеат:

1.Порто, Португалија
2.Билбао, Шпанија
3.Меделин, Колумбија
4.Кејптаун, Јужна Африка
5.Лагос, Нигерија
6.Брајтон, Велика Британија
7.Мадрид, Шпанија
8.Лисабон, Португалија
9.Чикаго, САД
10.Белфаст, Велика Британија
11.Ханој, Виетнам
12 Њу Орлеанс, САД
13.Валенсија, Шпанија
14.Глазгов, Велика Британија
15.Абу Даби, ОАЕ
16.Чијанг Маи, Тајланд
17.Монтреал, Канада
18.Севиља, Шпанија
19.Бризбејн, Австралија
20.Дубаи, ОАЕ

Ако сте уморни од студените погледи и вревата, можеби е време да ги спакувате куферите и да се упатите кон место каде што насмевката навистина е важна.

(Time Out)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -