Вчера во Истанбул беше отворен најголемиот градски парк во Турција, објави агенцијата Анадолу, а пренесе БТА. Новиот парк се наоѓа на територијата на поранешниот аеродром Ататурк во европскиот дел на Истанбул и се протега на над 1,2 милиони квадратни метри зелена површина.
На неговата територија се засадени над 20.000 дрвја, што го прави еден од најголемите еколошки простори во регионот.
Покрај пространите зелени површини, комплексот вклучува:
4 библиотеки
4 ресторани
отворена сцена со капацитет од 30.000 луѓе
12 тениски терени
11 кошаркарски терени
6 фудбалски и 6 одбојкарски терени
над 100.000 квадратни метри пешачки и велосипедски патеки
Паркот е дизајниран како мултифункционален простор што ги комбинира спортот, културата и природата во срцето на метрополата.Покрај место за рекреација, новиот парк има и важна јавна функција – доколку е потребно, ќе служи како место за собирање во вонредни ситуации.
Во кризни околности, на неговата територија можат да бидат засолнети до 165.000 луѓе, што го прави клучен елемент на инфраструктурата за цивилна заштита на Истанбул.
Отворањето на овој голем проект е дел од стратегијата на Турција за зголемување на зелените површини во големите градови и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Фото – Needpix



