Забрана за користење на термините „бургер“ и „колбас“?!

- Advertisement -

Велика Британија би можела да ја забрани употребата на имињата „бургер“ и „колбас“ за вегетаријански производи врз основа на трговски договор со Европската Унија. Лабуристичката влада претходно оваа година обезбеди нов санитарен и фитосанитарен (SPS) договор со ЕУ, дозволувајќи им на британските бизниси да продаваат производи, вклучително и некои бургери и колбаси, во Европската Унија за прв пат по Брегзит.

Сепак, договорот ја поврзува Велика Британија со некои закони на ЕУ за означување на храната, а Унијата оваа недела ќе гласа за забрана на употребата на термини поврзани со месо за опишување на вегетаријанска храна по лобирањето од страна на сточарската индустрија.
Европскиот парламент гласаше за оваа забрана минатиот месец, а оваа недела Европската комисија, како и владите на 27-те земји-членки, ќе одлучат дали ќе стане закон.

- Advertisement -

Доколку тоа се случи, британската влада верува дека законот ќе важи и за британските компании, објавува Гардијан. Месната индустрија и некои политичари во Европската Унија, како што е германскиот канцелар Фридрих Мерц, веруваат дека е потребно јасно да се означи разликата помеѓу животинските и растителните производи заради транспарентност. „Колбасот е колбас. Колбасот не е веган“, рече Мерц.

Спротивно на тоа, производителите на храна на растителна основа и супермаркетите предупредуваат дека забраната на познати имиња им отежнува на потрошувачите да ги препознаваат производите. Компаниите Алди, Лидл, Бургер Кинг и Ригенвалдер Мајл истакнуваат во заедничко писмо дека забраната за „познати термини“ може да ги збуни клиентите.

- Advertisement -

(B92)

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -