Илон Маск го претстави ривалот на Viber и WhatsApp

- Advertisement -

X конечно ја претстави својата долго најавувана платформа за разговор, која ја заменува основната функционалност на услугата задиректни пораки со функции кои се послични на можностите за пораки на други апликации. Ажурирањето додава гласовни и видеоповици, споделување датотеки и можност за уредување и бришење на претходно испратени пораки, како и функции фокусирани на приватноста како што се енкрипција од крај до крај и известувања за слики од екранот.

Новата функција за пораки, наречена едноставно Chat, сега е достапни на iOS и веб, а „наскоро“ ќе биде достапна и на Android, според компанијата. X исто така рече дека работи на функција за гласовни белешки за корисниците да разменуваат аудиопораки.

- Advertisement -

Маск ги најавува своите нови функции за разговор веќе неколку месеци. Неговата компанија претстави рана верзија на енкриптирани пораки претходно оваа година, но ја паузираше функцијата во мај за да се справи со неодредени проблеми. Сега се чини дека енкрипцијата на X повеќе нема некои од ограничувањата што ги имаше првично.

Од X, исто така, наведуваат дека тие не нудат заштита од напади од типот „човек во средина“, кои би можеле да го компромитираат шифрираниот разговор. Додаваат дека ако некој злонамерен инсајдер или самиот X, како резултат на задолжителна правна постапка, компромитира шифриран разговор, ниту испраќачот ниту примачот нема да знаат. Тие открија и дека работат на функции што ќе им помогнат корисниците да ја потврдат автентичноста на шифрираните разговори.

- Advertisement -

(Engadget)

(фото: X)

Сподели!
- Advertisement -