Новa листа со најбогатите луѓе во светот – само еден Европеец на врвот

- Advertisement -

Според најновата листа на американската агенција Bloomberg, најбогат човек во светот е сопственикот на компаниите Tesla, SpaceX и социјалната мрежа X, Илон Маск, чие богатство моментално се проценува на 449 милијарди долари (388 милијарди евра).

Основачот на Oracle, Лари Елисон, е на второто место со 297 милијарди долари (256,7 милијарди евра), додека на третото место е основачот на Anazon, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 265 милијарди долари (229 милијарди евра).

- Advertisement -

На четвртото и петтото место се коосновачите на Google, Лари Пејџ со 242 милијарди долари (209 милијарди евра) и Сергеј Брин со 226 милијарди долари (195,5 милијарди евра).

Основачот на Meta, Марк Цукерберг, е шестиот најбогат човек во светот со нето вредност од 220 милијарди долари (190 милијарди евра), додека францускиот милијардер Бернар Арно е седми со проценета нето вредност од 191 милијарда долари (165 милијарди евра).

- Advertisement -

Арно е исто така единствениот неамериканец меѓу 15-те најбогати луѓе во светот. Основачот на Microsoftz Бил Гејтс, е 15-тиот најбогат човек, со проценета нето вредност од 117 милијарди долари.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -