Најстабилната ИТ професија во 2025? Мрежен инженер!
Во време кога ИТ индустријата станува сè покомплексна, мрежните инженери и ITOps стручњаци се меѓу најбараните професии во технолошкиот екосистем кои управуваат со мрежните системи – ’скелетот’ на секоја компанија. Токму затоа ова е причината да поразговараме со Игор Мицевски – ITOps инженер и еден од најистакнатите ментори на Академијата за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps) на Avenga Academy.
Низ овој разговор, Игор објаснува што значи да се биде ’невидливиот херој’ зад стабилноста на секој систем, кому му е наменета оваа академија и зошто иднината на мрежите е посигурна од било кога.
Новинар – Верица Јорданова
Игор, може ли да ни го кажете вашето професионално портфолио? Како ја почнавте вашата приказна и како стигнавте до работното место – ментор во Avenga Academy?
Мојата приказна започна со љубопитност уште од средно училиште, отсекогаш ме фасцинираа уредите, интернетот и тоа како функционира сè зад сијаличките кои трепкаа на рутерот дома.
Затоа ја одбрав информатиката како насока и постепено се насочив кон компјутерски мрежи.
На академијата работевме исклучиво на практични вежби поврзани со мрежни топологии, конфигурација на рутери, свичеви и останати системи.
Паралелно почнав да држам тренинзи за нови студенти и открив дека менторството ми е вистинска пасија. Avenga Academy ми овозможи да го спојам практичното искуство со едукација, да бидам ментор и да учествувам восоздавањето нови генерации на мрежни инженери.
Работата на компјутерски мрежи за многумина звучи здодевно. Што е убавината во оваа сфера за вас?
Многумина не се свесни дека ние сме во позадинските херои на нивната инфраструктура за работа.
Убавината е во тоа што секоја мрежа е како жив екосистем. Сè мора да функционира совршено и синхронизирано. Секој податок е таканаречен пакет кој патува низ огромен број уреди, протоколи и правила. Дури и мал проблем од типот на кабел, може да предизвика голем прекин на мрежата, па инженерот е тој што ја одржува „живата“ инфраструктура. Кога ќе решиш сложен проблем, чувството е како да си одгатнал сериозно тешка загатка.
Дополнително, ова е област што никогаш не застарува. Интернетот, телекомуникациите, cloud системите, сите тие зависат од добри мрежи. Тоа е магијата!

За кого е отворена Академијата за компјутерски мрежи и IT Ops? Колку предзнаење е потребно?
Академијата е создадена за почетници кои немаат време за формално ИТ образование, луѓе кои доаѓаат од друга ИТ гранка (поддршка, систем администрација), студенти кои сакаат кариера во мрежи и секако лица кои сакаат преквалификација.
Не е потребно претходно професионално знаење, но корисно е да се има основно познавање за работа со компјутери, афинитет кон логичко размислување и можеби најбитно солидна мотивација за учење.
Сè останато се учи од нула, од основни концепти до конфигурација на реални уреди. Работиме со реални сценарија, вежби со рутери, свичеви и сервери – токму она што инженерот го прави секојдневно. Нашата предност е менторскиот пристап, поддршката од искусни инженери и програма која 100% ги следи индустриските стандарди на Microsoft и Cisco.

Каква е иднината на вашата сфера? Изгледа најмалку погодена од вештачката интелигенција, наспроти графичкиот дизајн, веб дизајнот или UX/UI?
Токму така, мрежите се меѓу најстабилните ИТ гранки. Иднината би изгледала вака:
AI ќе автоматизира дел од мониторингот и оптимизацијата, но сериозните мрежни дизајни, безбедноста, архитектурата и troubleshooting – от сè уште бараат и ќе бараат човек.
Со експанзијата на cloud платформите, IoT, 5G и edge computing, потребата за мрежни инженери расте сè повеќе.
AI може да помогне, но не може целосно да ја замени критичната инфраструктурна работа. Напротив, ја прави уште покомплексна и бара повеќе стручност.
Cisco сертификатите се престижни. Што е Cisco и како го добивте сертификатот?
Cisco е најголем светски производител на мрежна опрема и најпризнат извор за мрежна едукација, а нивните сертификати се стандард во индустријата.
Јас го добив мојот Cisco сертификат преку стекнување знаење на Avenga Academy (поранешен SEDC-насока мрежен инженер) и потоа полагање на официјален Cisco испит и месечни практични вежби со реални уреди и симулатори (Packet Tracer). Овој сертификат е доказ дека инженерот ги владее мрежните протоколи и практичните конфигурации.
Дали компаниите активно бараат кадар во ова поле? Какво е влијанието на AI?
Побарувачката е голема и континуирана. Мрежите се основа на секој ИТ систем. Мрежната инфраструктура е основата на секоја компанија: банки, телеком оператори, фабрики, стартапи, cloud провајдери, сите имаат критична мрежа која мора да функционира 24/7.
AI може да детектира проблем, но не може да ја редизајнира мрежата или да направи правилна стратегија за безбедност. Затоа компаниите бараат мрежни инженери, IT Оps техничари, security инженери и cloud/multi-cloud network инженери. Во моментов, ова е еден од најстабилните ИТ избори за кариера.
Сајбер напад врз мрежа, дали сте имале ваков случај и што е протоколот?
Да, како и секој инженер што работи со критична инфраструктура, сум се соочил со инциденти (обиди за неовластен пристап, компромитирани кориснички акаунти, малициозни компоненти итн.)
Иако не секој инцидент е драматичен, секој бара брза и методолошки соодветна реакција. Во вакви ситуации најважно е да се следи јасно дефиниран протокол, а тоа е: детекција преку мониторинг системите, изолација кадешто се блокира изворот на нападот, се ограничува пристапот до засегнатите делови од мрежата и се спречува ширење на инцидентот, потоа анализа со која се проверуваат логови, се утврдува векторот на нападот и се идентификуваат потенцијални ранливости што биле искористени, решавање и санација преку ажурирање правила на firewall-и, ресетирање креденцијали, отстранување малициозни компоненти и стабилизирање на системот, како и пост-инцидент извештај каде се подготвува детална анализа со заклучоци и препораки како да се спречат идентични инциденти во иднина.
Од разговорот со Игор дојдовме до заклучок дека и покрај експанзијата на вештачката интелигенција, мрежните инженери и ITOps стручњаци остануваат меѓу најстабилните и најбараните во ИТ светот. Мрежната инфраструктура е срцето на секоја организација, а тоа е работа што не може во целост да се замени со ВИ.
Од банки и телеком оператори, до cloud платформи и стартапи – компаниите секојдневно бараат луѓе кои ќе обезбедат стабилност, безбедност и континуитет на системите.
Затоа оваа професија останува една од најсигурните и најдолгорочните кариерни избори денес.
Доколку сакаш да ја започнеш кариерата во една од најстабилните ИТ гранки – мрежите и ITOps разгледајте ја програмата од Академијата за компјутерски мрежи и IT операции (ITOps) на Avenga Academy.
>> https://avengaacademy.com/akademija-za-kompjuterski-mrezi-i-itops/



