Остави телефонот да ја заврши рутината – а можеби и да го води целиот дом.
Замисли телефон што ти го „води“ животот – но во добар смисол. Bixby Routines го автоматизира твојот Galaxy според твоите навики: го вклучува Do Not Disturb кога започнува состанок, го отвора Spotify кога ги поврзуваш слушалките или го намалува осветлувањето кога доаѓа време за спиење. И тука не застанува интеграцијата – поврзан со SmartThings апликацијата, твојот телефонот може да „разговара“ и со твојот дом.[AP/1]
Замисли ја оваа сцена: влегуваш дома по работа, светлата сами се вклучуваат, климата се прилагодува на твоите совршени 22°C, а робот-правосмукалката почнува да чисти (како sci-fi серија со „лоши“ роботи што бркаат луѓе – само без хаосот). Тоа е автоматизација со личност – твојот Galaxy тивко го прави секој ден пофлуиден, рутина по рутина.

Супер комбинација:
Galaxy Buds3 и Buds3 Pro совршено се вклопуваат во ова сценарио. Тие го приспособуваат звукот според околината, автоматски се префрлаат меѓу уреди и ја пуштаат твојата омилена плејлиста штом ќе ги ставиш. А кога ќе влезеш дома и ќе ги тргнеш, Samsung Music Frame ја презема музиката и продолжува таму каде што си застанал.
Немаш уште Samsung Galaxy телефон, или користиш постара Galaxy генерација? Samsung те поканува да ја преземеш Try Galaxy апликацијата и да ги испробаш најновите Galaxy функции директно на екранот на уредот што веќе го користиш.




