Голема златна монета искована во 1609 година за кралот Филип III од Шпанија сруши рекорди и стана највредната монета во Европа. Уникатна златна монета со тежина од 339 грама е продадена на аукција во Швајцарија за 3,49 милиони долари, објави аукциската куќа Numismatica Genevensis SA, потврдувајќи дека го срушила европскиот рекорд за највредна монета.
Центенот или 100 ескудоси во поранешната шпанска валута е направен во шпанскиот град Сеговија од злато што морнарите го донеле од „новиот свет“.
Откако бил изгубен неколку векови, се појавил во Соединетите Држави околу 1950 година, каде што бил купен од колекционер од Њујорк и продаден на шпански купувач. Златната монета подоцна била продадена на аукција на друг колекционер чиј идентитет е непознат.
Претходниот рекорд го држел дукат што некогаш му припаѓал на Фердинанд III од Хабсбург, кој бил продаден за 2,42 милиони долари, изјави Франк Балдачи, директор на аукциската куќа.
(B92)
Фото – Pixa Hive



