DevOps: Професијата што ги движи модерните апликации – интервју со Тони Тодоров

- Advertisement -

Зошто DevOps е следната клучна вештина после ITOps? По интервјуто со Игор Мицевски од Avenga Academy со кого разговаравме за важноста на мрежните инженери и ITOps, решивме да продолжиме со истражувањето на клучните улоги во модерната ИТ индустрија.

Овојпат фокусот е на DevOps – професијата што ја движи автоматизацијата, континуираната испорака и развојот на современите апликации.

Токму затоа, разговараме со Тони Тодоров, DevOps Lead во Avenga и координатор на Академијата за DevOps и автоматизација на системи во Avenga Academy, кој ни открива што значи DevOps културата, зошто е меѓу најбараните ИТ вештини и како изгледа патот до оваа професија.

Тони, дали може накратко да ни кажете нешто за себе и за тоа како навлеговте во сферата на DevOps, но и како едукатор во Avenga Academy?

- Advertisement -

Компјутерите (покрај кошарката) беа моја пасија уште од деновите во основно училиште. Во тоа време литературата беше многу оскудна, можам да кажам дека не постоеше ништо на македонски јазик. За многу работи бев самоук, а исто доста ми помагаа списанијата на хрватски и англиски јазик со статии за хардвер, софтвер, мрежи и игри. Fast-forward три и кусур децении, и безброј прочитани списанија, книги и статии, имам задоволство да кажам дека и јас имам една мала улога во унапредување на нечија пасија во перспективна струка и професија. Низ овие многу години сум имал прилика да обучам многу луѓе, дел преку Академиите, дел преку менторска работа, а многу често и двете заедно – ученици кои ми стануваат колеги.

Што точно претставува DevOps и зошто е една од најбараните вештини денес?

- Advertisement -

DevOps не “преставува” едно нешто – тоа е збир од алатки, технологии и процеси на работа. Спојува еден јаз што постоел долго време меѓу разивачи на софтвер или апликации (девелопери) и оперативни одржувачи на софтвер или апликации (operations and support). Тоа нè носи до фактот дека DevOps специјалистите мораат да бидат запознаени со некои сегменти од развојот на апликацијата, како и со сегменти од нејзиното одржување, оптимизација и скалирање.

Тука можам да спомнам еден добро познат пример – Netflix. DevOps процесите се длабоко втемелени во нивнот начин на работа, и целата нивна инфраструктура е базирана на микросервиси. Тоа овозможува да во исто време, независно, се равиваат, додаваат и подобруваат различни делови од целиот еко-систем. За тоа се користат таканаречени Pipelines за автоматско тестирање и развој, дозволувајќи да имаат и до 1000 надградби и ажурирања на ден, без корисниците да приметат каков и да е проблем. Овој начин на работа става посебен акцент на силната и континуирана соработка меѓу развојот и операциите на софтверот, преку DevOps процеси.

- Advertisement -

Какви почетни вештини му се потребни на еден студент за успешно да ја следи академијата?

Бидејќи DevOps е една од ретките патеки во ИТ која нема entry-level можност, секој кандидат треба да има солидно познавање, и неколку-годишно комбинирано искуство, со администрирање на сервери (Linux/Windows), компјутерски мрежи (топологија, адресирање, протоколи), виртуализација (VMWare/Hyper-V) и сајбербезбедност.

4. Како академијата ги подготвува студентите за работа во тим – особено со девелопери, QA и ITOps?

Колаборацијата е во сржта на DevOps. Методологијата и процесите кои се изучуваат во Академијата имаат многу допирни точки со другите работни позиции во развој на апликација – девелопери, тестери, оперативци, дури и проекти менаџери. Имањето на една иста патека и начин на работа придонесува кој полесно разбирање на сите членови во еден тим. Сите промени кои се прават треба да бидат јасно искомуницирани, што придонесува до агилноста на луѓето ако нешто тргне наопаку (што е секогаш можно). Со тоа, нашите студенти многу лесно ќе се вклопат во било кој искусен тим кој ги следи индустриските стандарди за развој на апликации.

Како се менува DevOps индустријата со појавата на ВИ и дали тоа ја зголемува или намалува потребата од DevOps инженери?

Со појавата на AI се менуваат сите индустрии, и тоа е нешто кое веќе го чуствуваме, па така и нашата не е исклучок. Според мене, AI, во нејзините достапни форми во моментот, е само уште една корисна алатка во арсеналот на DevOps специјалистите. Може да ја подобри продуктивноста, да помогне во анализа на податоци, да ни ги автоматизира некои од процесите и да помогне во истражување на проблеми. Далеку сме од “заменување” на човечкиот фактор, барем во ИТ индустријата, и според мене, потребата на стручен ИТ кадар ќе се зголеми во иднина за да може и понатаму да се развива и подобрува самата AI (спротивно од моменталните “бомбастични” сценарија).

Денес важи тврдењето дека сè може да се научи на YouTube или преку курсеви, на пример, на Udemy. Каков е вашиот став во врска со ова прашање?

Точно е дека денес достапноста и количината на content, и лош и добар, е огромна. Можете да најдете скоро сè, во секое време. Но, тоа е меч со две острици, бидејќи баш поради таа голема достапност, суштинското знаење полека изумира. Потребата нештото да се научи и помни, се губи, барем така сме принудени да мислиме. Мојата методологија на учење отсекогаш била базирана на читање hard-copy книги или материјали, поткрепена со дискусија или менторство со експерт од областа. Токму тие разговори ме терале да размислувам, и во многу наврати, да го разберам на друг начин напишаното. Од тие причини и не сум голем поддржувач на “едно-димензионално” учење кое е ислкучиво преку видеа и онлајн курсеви, меѓутоа тие секако преставуваат корисна, дополнителна алатка.

Колку е важно менторството во процесот на учење DevOps и што студентите добиваат од директна соработка со ментор?

Како што и веќе спомнав, менторството, интеракцијата и дискусиите се најефективниот начин суштински да се научи нешто, или да се реши некаков проблем. Менторите, поткрепени со нашето големо искуство во својата област, сме секогаш тука за било какви нејаснотии, дилеми и препораки, и секако за корисни кариерни совети.

8. DevOps важи за еден вид на култура на работа, на функционирање. Колку вас како личност ве промени или ве трансформираше оваа работна позиција?

Тешко е да проценам колку и како ме има променето, меѓутоа едно е сигурно –  колаборативниот начин на работа, кој е и сериозно битен во DevOps, ја има променето цела индустрија на подобро. Системот во кој различните улоги (девелопери, тестери, оперативци) беа “острови” во однос на комуникација и одговорности, сега е нужно нивните улоги да се преклопуваат во одредени сегменти – што придонесува за поголемо разбирање на целиот development lifecycle и поголема продуктивност.


Од овој разговор со Тони станува јасно дека DevOps не е само збир на алатки, туку целосна култура на тимска работа, автоматизација, одговорност и брза адаптација. Како и ITOps, така и оваа професија го носи статусот на стабилна и посакувана во инднина.

Заклучокот е дека автоматизацијата не ја намалува потребата од DevOps, туку напротив, ја зголемува. Со растот на cloud технологиите, микросервисите и CI/CD процесите, побарувачката за искусни DevOps професионалци е повисока од кога било. Затоа DevOps е меѓу најбрзо растечките, најстабилните и најдобро платените ИТ професии денес, со јасно дефинирана иднина и огромен простор за развој.

Доколку сакаш да влезеш во светот на DevOps, автоматизација и модерни инженерски практики, разгледај ја програмата на Академијата за DevOps и автоматизација на системи во Avenga Academy и започни да ја градиш твојата кариера во една од најдинамичните ИТ гранки.

Сподели!
- Advertisement -