NLBNext Конференција: Иднината на плаќањата и новите хоризонти

- Advertisement -

Банкарскиот сектор доживува длабока трансформација под влијание на дигитализацијата, автоматизацијата и воведувањето на вештачката интелигенција (AI). Од брзи плаќања и дигитални паричници, до самостојни AI агенти кои ја оптимизираат куповната моќ на клиентите, технологијата брзо ја менува традиционалната улога на банките. За време на вчерашната конференцијата на НЛБ Банка во соработка со Mastercard „NLBNext – Иднината на банкарството“, токму овие теми беа дискутирани од домашни и меѓународни финансиски експерти и AI професионалци.

Во своето поздравно обраќање, Блаж Бродњак, главeн извршен директор на НЛБ д.д Љубљана истакна дека домашна задача на НЛБ останува континуираното надоградување на нивото на банкарски услуги, за Групацијата да продолжи да биде силна Банка што најмногу им значи на луѓето. Водечката панел-дискусија на конференцијата ја сочинуваа Тони Стојановски, Претседател на УО на НЛБ Банка, Зоран Јовановски независен член на НО на НЛБ Банка и Академик Абдулменаф Беџети, на која покрај воведените иновации на Банката и најавата за заокружување на проектот „digital first“ до крајот на годината, беа презентирани и клучните наоди за работењето на Банката во 2024 година, сублимирани во Студијата за социо-економското влијание на НЛБ Банка за 2024 година.

- Advertisement -

Во разговор „еден на еден“ на тема „Иднината на плаќањата и новите хоризонти“, Антонио Аргир, Член на УО на НЛБ д.д Љубљана и Габриел Гита, Заменик претседател, Центар за кориснички решенија ЈИЕ, Mastercard отворено ги дискутираа предизвиците на вештачката интелигенција во банкарството, но и  визијата за трансформација на банкарскиот сектор со помош на овие алатки. Тие ја гледаат банкарската иднина преку призма на интеграција, сигурност и масовна примена на брзите плаќања, со регионална интероперабилност и дигитални алатки како главни двигатели на системот.

Иднината ќе го редефинира концептот на платежни картички, дигиталните решенија ќе ги надминат физичките картички.  Гита додаде дека постојат два главни тренда во платежната индустрија и дека првиот се однесува на малопродажбата, каде што приоритет е токенизацијата и дигиталните паричници со offline функционалности кои ја зголемуваат сигурноста при плаќањата преку картички.  Вториот тренд се однесува на директните плаќања (B2B) и cross-border плаќањата кои полека стануваат клучен двигател за поефикасни и посигурни трансакции. Прашањето за големиот број на трансакции во регионот што сè уште се одвиваат во кеш, над 70%,  што потенцијално може да биде извор на корупција, беше исто така дискутирано. Тие заедно заклучија дека: Дигиталните плаќања ја намалуваат сивата економија, ја зголемуваат транспарентноста и придонесуваат за подобрување на фискалноста.

- Advertisement -

„Финтек-секторот главно се фокусира на околу 10% од корисниците со поголема финансиска моќ. Банките и понатаму ги опслужуваат останатите 90%. И ако некогаш им треба технолошки „скок“, групациите едноставно можат да ги купат финтек компаниите благодарение на финансискиот капитал, стабилноста и нивото на дигитална зрелост“ – сподели Аргир.

Аргир и Гита сметаат дека следната длабока трансформација која моментално доминира во САД, но наскоро ќе стигне и во Европа е агентската трговија (Agentic Commerce). Овој технолошки напредок воведува автономни AI агенти кои оптимизираат трошоци, време и ризик, отворајќи прашања за доверба и нови деловни модели. Според Гита, европските регулатори пак, треба да обезбедат правна рамка која го поддржува развојот на дигиталните услуги без да ја кочат иновацијата.

- Advertisement -

На крајот на разговорот двајцата заклучија дека иднината на плаќањата ќе донесе револуционерни промени преку дигитализација и автономни агенти, овозможувајќи поефикасен, транспарентен и одржлив финансиски систем за современите корисници и економијата.

Сподели!
- Advertisement -