Загадувањето на воздухот има многу посериозни последици врз здравјето отколку што мислевме

- Advertisement -

Длоготрајната изложеност на загаден воздух го зволемува ризикот од депресија, покажуваат две нови студии објавени во мрежата на научни списанија JAMA. Студијата објавена во петокот во списанието JAMA Network Open открила дека долготрајната изложеност на зголемени нивоа на загадување го зголемува ризикот од појава на депресија кај постарите луѓе.

Друга студија, објавена во списанието JAMA Psychiatry, открила дека долготрајната изложеност на дури и ниски нивоа на загадувачи на воздухот е поврзана со почеста појава на депресија и анксиозност.

- Advertisement -

Загадувањето на воздухот долго време се поврзува со кардиоваскуларни и респираторни болести. Има се повеќе докази, кои ги потврдуваат и овие студии, дека загадувањето на воздухот исто така влијае на менталното здравје.

За истражувањето на ефектите на загадувањето на воздухот кај постарите Американци научници од универзитетите Харвард и Емори анализирале податоци на речиси 9 милијарди луѓе кои имаат здравствено осигурување Medicare. Станува збор за американско здравствено осигурување за луѓе на возраст од 65 години и постари.

- Advertisement -

Над 1,52 милиони луѓе имале дијагноза депресија во текот на периодот на истражување од 2005 до 2016 година, според наводите на Medicare.

Забележале статистички значајно штетна врска меѓу долготрајната изложеност на повисоки нивоа на загадување на воздухот и зголемениот ризик од дијагноза депресија во подоцната животна доба, велат научниците.

- Advertisement -

Забележано е дека социјално-економски загрозените поединци во оваа студија биле изложени на многу поголем ризик од депресија во подоцната животна доба, велат научниците. Тие истовремено биле изложени и на социјален стрес и на лоши економски услови вклучувајќи загадување на воздухот.

За потребите на студијата научниците мапирале различни нивоа на загадување и ги споредиле со адресите на пациентите. Загадувачите на кои биле изложени биле ситни честички од типот на прашина или чад, водород диоксид, кои главно произлегуваат од емисијата на гасови во сообраќајот, и озон, кои ги испуштаат автомобилите, електраните и рафинериите.

Научниците велат дека постарите лица би можеле да бидат посебно подложни на депресија поврзана со загадувањето на воздухот поради својатра осетливост на беите дробови и нервите.

Иако депресијата е помалку раширена меѓу старите лица во споредба со помладата популација, може да дојде до посериозни последици, како когнитивно оштетување, телесни болести и смрт, велат тие.

Во друга студија научници од Британија и Кина ја истражувале поврзаноста на долготрајната изложеност на повеќекратни загадувачи на воздух и почестата појава на депресија и анксиозност. Проучувале речиси 390.000 луѓе, најголем дел во Велика Британија, во период од 11 години и откриле дека постои зголемен ризик од депресија и анксиозност дури и при повисоки нивоа на загадување под британските стандарди на квалитет на воздухот.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -