До 2035 година половина од луѓето на Земјата ќе бидат гојазни

- Advertisement -

Светската федерација за борба против гојазноста предупреди дека повеќе од половина од луѓето на Земјата ќе бидат класифицирани како гојазни до 2035 година ако не се преземат итни чекори за да се спречи тоа. Над 4 милијарди луѓе ќе го имаат тој проблем, а посебно загрозени ќе бидат децата, се вели во извештајот.

Освен тоа, се очекува дека стапката на пораст на луѓето со прекумерна тежина ќе биде најголема во сиромашните и средно развиените земји во Африка и во Азија. Економскиот аспект на систуацијата исто така е поразителен – до 2035 година гојазноста ќе ја чини глобалната економија околу 4 трилиони долари.

- Advertisement -

Претседателката на Федерацијата, професорката Луиз Баур, го опиша извештајот како јасно предупрдување за земјите веднаш да реагираат за да можат целосно да ги избегнат или барем да ги ублажат последиците.

Во извештајот посебно се нагласува растечката стапка на гојазност кај децата и тинејџерите, која ќе се дуплира во споредба со таа од 2020 година. Овој тренд посебно загрижува, па властите од целиот свет мора да преземат се што е во нивна моќ за да не ги остават идните генерации сами да се справуваат со катастрофални здраствени, општествени и економски последици.

- Advertisement -

За ситуацијата да биде уште посериозна, 9 од 10 земји со најголем пораст на стапката на гојазност ќе бидат сиромашни и средно развиени земји од Африка и Азија. Главните причини за тоа ќе бидат високо преработената храна, седентарниот начин на живот, слабата контрола над синџирот за снабдување со храна и послабо опремените здравствени системи, кои би помогнале во едукацијата и директното решавање на проблемот со гојазноста.

(RTS)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -