Најголемата регионална fin tech конференција ќе собере над 60 меѓународни експерти

- Advertisement -

Локални експерти за финансиска технологија, основачи и менаџери на успешни компании одлучија дека е крајно време да се соберат претставници на традиционални финансиски системи и нови технолошки решенија од дигитализација до блокчеин за во живо да дискутираат за заеднички цели – побезбедна, поисплатлива, поедноставна и поодржлива иднина на финансиската индустрија.

Money Motion, под покровителство на Градот Загреб, неделава ќе биде дом на над 60 познати имиња од светот на банкарството, плаќањето и технологијата за пред повеќе од 1.000 поканети гости да се коментираат клучни и возбудливи теми кои ќе го фомрираат начинот на кој во иднина ќе управуваме со личниот имот, ќе вршиме меѓусебни трансакции и со институции, ќе го дефинираме и ќе го штитиме сопствениот идентитет, ќе инвестираме, ќе управуваме и ќе разменуваме капитал.

- Advertisement -

Money Motion, која е најголема регионална FinTech конференција, ќе ги отвори вратите на 9 и 10 март на сите експерти, бизнис професионалци и ентузијасти за два дена релевантна и богата програма и нетворкинг со изложбен простор за најновите технолошки решенија, стартап натпревари за натпреварување со најдобрите тимови и две вечери со незаборавна забава на омилените сагрепски локации за излегување.

На главната бина во текот конференцијата врвните експерти ќе учествуваат во дури 11 панели, на кои ќе се расправа за потенцијалите за децентрализација на финансиите, трансформација за традиционалното банкарство, предизвиците на крипто индустријата – од ризици до онлајн измами, за реалноста на високото образование за подготовка на идните генерации таленти за индустријата, за улогата на централните и комерцијалните банки во индустриските промени, за интегрираните системи за плаќање итн.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Money Motion)

Сподели!
- Advertisement -