ВИДЕО: MyCanoe Solo 2 е оригами кану кое можете да го спакувате во плакар

- Advertisement -

Ако сакате водени спортови, но немате простор каде да чувате гломазна опрема, MyCanoe Solo 2 е вистинското решение за вас. Пред шест години компанијата MyCanoe го претстави кануто за две лица кое се склопува како оригами, а сега претставија уште полесна, помала верзија дизајнирана за еден веслач.

MyCanoe Solo 2 е направено со истата оригами технологија како претходната верзија. Кога не се користи, се склопува во правоаглна форма со димензии 109 см должина, 45 см дебелина и околу 28 см висина. Тоа значи дека лесно можете да го скалдирате во плакар додека не дојде лето. Кога шак ќе ви притреба, се расклопува во кану долго 286 см, а широко околу 78 см.

- Advertisement -

Кануто може да се склопи за само две минути. Откако ќе се прицврсти седиштето, Solo 2 може да се вози како и кое било кану. Solo 2 тежи околу 8,6 кг, но може да превезува товар до 136 кг.

Според компанијата која до создаде, MyCanoe Solo 2 е дизајнирано да издржи најмалку 20.000 пати склопување и расклопување. Моментално е во тек кампања на Kickstarter и со донација од 469 долари ќе си обезбедите дно кану кога ќе почне испораката, додека планираната малопродажна цена е 699 долари.

- Advertisement -

(Startup Sefie)

(фото: MyCanoe)

Сподели!
- Advertisement -