Роверот Curiosity ги сними првите сончеви зраци на Марс

- Advertisement -

Роверот Curiosity на НАСА минатиот месец сними едно интересно заоѓање на Сонцето на Марс. Додека Сонцето се спуштало над хоризонтот, зраците светлина ги осветлиле облаците. Овие сончеви зраци всушност се познати како крепускуларни зраци, од латинскиот збор за самрак. Овае прв пат такви сончеви зраци јасно да се видат на Марс.

Curiosity ја снимил сцената во текот на најновото истражување на облаците во самрак, кое се базира на неговите анализи на ноктилуцентните или ноќните светлечки облаци од 2021 година. Додека најголем дел од облаците на Марс лебдат на не повеќе од 60 км над тлото и се состојат од воден лед, облаците на најновите слики изгледаат како да се на поголема надморска височина, каде што е посебно ладно. Тоа сугерира дека тие облаци се направени од лед од јаглерод диоксид или сув лед.

- Advertisement -

Како и на Земјата, облаците на научниците им даваат сложени, но клучни информации за разбирање на времето. Набљудувајќи каде и кога настануваат облаците, научниците можат да дознаат повеќе за системот на атмосферата на Марс и температурите и ветриштата таму.

Истражувањето на облаците од 2021 година вклучувало повеќе слики од црно-белите навигациски камери на Curiosity и даваат детален увид во структурата на облаците додека се движат. Но, неодамнешно истражување, кое започна во јануари и ќе заврши на средината на март, повеќе се базира на камерата во боја Mastcam, која на научниците им помага да видат како честичките од ооблаците растат со тек на време.

- Advertisement -

Освен сликите од сончевите зраци, Curiosity на 26 јануари снимил само ниа шарени облаци во форма на пердуви. Кога се осветлени со сончева светлина одредени видови облаци можат да формираат приказ налик на виножито, кој се вика прелев.

„Таму каде што гледаме прелеви, тоа значи дека честичките од облаците се исто големи колку нивните соседи во секој дел од облакот. Гледајќи ги прелазите во боја, гледаме промена во честичките во облакот. Тоа ни кажува за начинот на кој облакот се развива и како неговите честички ја менуваат големината со тек на време“ вели Марк Лемон, атмосферски научник од Институтот за вселенски науки во Боулдер, Колорадо.

- Advertisement -

Curiosity сликал и сончеви зраци и облаци кои се прелеваат како панорама, од кои секоја е направена од 28 слики испратени на Земјата.

(Vidi.hr)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -