Компанијата Меta укинува уште 10.000 работни места

- Advertisement -

Meta, матичната компанија на социјалните мрежи Facebook и Instagram,годинава ќе укине уште 10.000 работни места после првиот бран од 11.000 откази на почетокот на ноември, најави извршниоѕ директор на компанијата, Марк Цукерберг.

„Ова ќе биде тешко и нема начин да се избегне. Тоа значи дека се збогуваме со талентирани и страствени колеги, кои беа дел од нашиот успех“ рече Цукерберг и додаде дека одлуката била тешка, но неопходна.

- Advertisement -

Списокот со работни места кои ќе бидат укинати ќе биде соопштен на крајот на април, а реструктурирањето ќе биде направено до крајот на годината. Ќе биде намален и бројот на членови во тимот за менаџмент со човечки ресурси.

На крајот на овие бранови откази Meta ќе ја намали својата работна сила за 24%, што е нагла промена за таа групација, која низ речиси 20 години постоење не направи план за социјална поддршка. .

- Advertisement -

„Сакаме да направиме подобра технолошка компанија и да ги подобриме нашите финансиски перформанси во тешки услови, за да можеме да оствариме подобра долгорочна визија“ вели Цукерберг.

Според мего, покрај укинувањето на работните места, компанијата ќе го забави темпото на вработување и планира да ги откаже неприоритетните проекти. Тие веќе најавија замрзнување на новите вработувања до крајот на овој месец.

- Advertisement -

После големиот раст од настанувањето досега, компанијата Facebook, која во 2021 година се преименуваше во Meta, од минатата година ги трпи последиците од намалувањето на онлајн огласите. Покрај тоа, Facebook и Instagram имаат се поголема конкуренција, посебно од видеоплатформата TikTok, која постојано го намалува уделот на Metа.

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -