Велика Британија веројатно денес ќе ја објави забраната за користење на TikTok на службените телефони, со што ќе го следи примерот на другите западни земји, кои исто така ја забранија апликацијата која доаѓа од кинескиот пазар.
TikTok се најде во оваа ситуација поради стравот дека корисничките податоци од апликацијата, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, може да завршат во рацете на кинеската влада и со тоа да се наруши безбедноста на Западот.
Британскиот Национален центар за сајбер безбедност анализира дали е потребно да се забрани користењето на TikTok на службените мобилни телефони, додека САД, Канада, Белгија и Европската комисија веќе го забранија користењето на оваа апликација.
На прашањето за можната забрана на TikTok, министерот за безбедност на земјата, Том Тагендхат, претходно изјави дека многу е битно да се разбере кои се предизвици ги поставува оваа апликација.
Од TikTok изјавија дека би биле разочарани доколку се воведе таква забрна. Владата на Велика Британија во текот на денот треба да објави соопштение за безбедноста на своите уреди.
(Zimo)
(фото: Unsplash)