Кинескиот технолошки гигант „Баиду“ го претстави својот чет-бот со ВИ „Ерни“

- Advertisement -

Кинескиот технолошки гигант „Баиду“ денеска го претстави својот долгоочекуван чет-бот со вештачка интелигенција (ВИ) познат како „Ерни“, јавува Ројтерс

Извршниот директор на компанијата изјави дека тој е кулминација на долгогодишната напорна работа на компанијата во вештачката интелигенција.

- Advertisement -

Ботот не беше совршен, но тие го објавија сега поради побарувачката на пазарот, рече Робин Ли од „Баиду“ на прес-конференција во Пекинг.

Популарноста на „ChatGPT“, поддржан од Мајкрософт, предизвика кинеските технолошки гиганти и стартапите побрзо да развијат негов ривал.

- Advertisement -

Вчера истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција „OpenAI“ објави понова и посилна верзија од чет-ботот „СhatGPT“, за кој велат дека е покреативна, поточна и помалку пристрасен од првичната.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -