Aсоцијацијата на странски компании на средба со економскиот тим на Владата

- Advertisement -

Постојаниот партнерскиот однос и комуникацијата меѓу компаниите од приватниот сектор и институциите се клучни за спроведување на суштински консултации и заемен дијалог, со цел постигнување на вистински резултати.

За таа цел Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора на Северна Македонија денес одржа редовна работна средба со вицепремиерот Битиќи и економскиот тим на Владата на Република Северна Македонија.

- Advertisement -

Оваа Асоцијација како највисок репрезент на странските инвеститори во ТИРЗ и индустриските слободни зони, се залага за креирање на економските политики за подобрување на деловното окружување кои се клучни за работата на странските компаниите во инклузивен процес. Во овој процес особено важно е Владата да ги слушне и разбере потребите на компаниите,  но и врз основа на тие потреби да преземе конкретни активности за унапредување на условите коишто се од значење за работењето на компаниите со технолошки напредно производство, а во функција на зголемување на продуктивноста, конкурентноста, атрактивноста на земјава за задржување на постојните и привлекување нови инвеститори.

На денешниот состанок со економскиот тим на Владата беа презентирани клучните иницијативи и предлози на странските компании, со цел олеснување на работењето во специфични области: даночна и царинска политика, работни односи, образовен систем, работна сила, државна помош и друго. Повеќето од барања се и претходно дискутирани, но за дел од нив без конкретни резултати. Така, тема на денешната дискусија беа барањата поврзани со реализација на конкретни инфраструктурни објекти, барања за олеснување на ангажирање на работна сила од странство, со особен акцент на експерти од профили кои недостигаат во земјава, дефинирање на јасни и унифицирани правила и усогласен пристап на институциите за оправдани инвестициски трошоци за државна помош, превод и примена на меѓународните сметководствени стандарди за финансиско известување, барање за усогласување на висината на грантовите за отворање нови работни места со растот на минималната плата, иницијатива за враќање на третманот на признаен расход за даночни цели на трошоците по основ на премии за приватно здравствено осигурување уплатени од страна на работодавецот, а во име и сметка на работникот и друго.

- Advertisement -

Од Владата беа согласни дека и во иднина треба да останат отворени за дијалог и важно е двете страни да ги почитуваат договорените обврски, но и да се испорачаат конкретни резултати низ активности кои се во интерес на економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.

Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство ги застапува интересите на извозните компании со технолошко напредно производство со доминантно учество на странски капиталод технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зони од целата држава, кои вработуваат повеќе од 35.000 лица, со реализиран извоз од државата близу 60% во 2022 година и со реализирани инвестиции околу 1 милијарда евра до сега.

- Advertisement -

Истите значајно влијаат на економски раст на земјата преку креирање на нови и добро платени работни места, пораст на продуктивноста на работната сила, пристап до нови технологии и знаења, развој и усвојување на современи менаџерски вештини и на општата благосостојба во општеството.

Сподели!
- Advertisement -