Глобално истражување на Payoneer: 33 отсто од испитаниците во Македонија работат исклучиво како „фриленсери“

- Advertisement -

Хонорарното работење, односно „фриленсерството“ е начин на којшто функционира сè поголем дел од светот, а 46 отсто од лицата во неодамнешното глобално истражување изјавиле дека забележале пораст во побарувачката на нивните услуги. Во петтото издание на извештајот подготвен од финтек-компанијата за дигитални плаќања, Payoneer, е вклучена и Северна Македонија, каде што 33 проценти од испитаниците изјавиле дека работат исклучиво како фриленсери.

Ова интернационално истражување опфати 2.000 хонорарно вработени лица во 122 држави, меѓу кои се и балканските земји. Графички и веб-дизајн, програмирање, мултимедијална продукција, како и ИТ-услуги се најбараните од страна на фриленсерите во регионот. Позитивно е што поголемиот дел од југоисточна Европа во претходниот период забележал раст на цената на работните часови (37 отсто испитаници) споредено со тие што имале пад (10 проценти).

- Advertisement -

Од друга страна, иако голем број фриленсери ги зголемиле цените за својата работа, сè уште постои разлика во платата меѓу половите. Глобалното истражување покажа дека жените-фриленсери заработуваат просечно по 22 долари на час, додека за мажите таа сума е 24 долари на час. Ова претставува мало подобрување споредено со резултатите од минатата година.

Како одговор на растечките трошоци за живот, 55 проценти од испитаниците во светот прифатиле дополнителен ангажман, додека 32 отсто ја прошириле својата листа со клиенти во нови земји. Истражувањето покажа дека испитаниците во југоисточна Европа се помалку наклонети да работат исклучиво како фриленсери или претприемачи (61%) споредено со колегите во другите региони (71%). Во Србија, 59 проценти одговориле дека работат само како хонорарци или имаат свој бизнис, а 41 отсто се вработени во компании.

- Advertisement -

Ситуацијата во балканскиот регион е слична, односно во Северна Македонија 33% изјавиле дека работат исклучиво како фриленсери, додека во Босна и Херцеговина тој број е 40 отсто. Интересен е податокот дека 47% од испитаниците во југоисточна Европа се помлади од 35 години што е статистички понизок процент споредено со сите останати региони опфатени во истражувањето.

Целиот текст на Денар.мк

Сподели!
- Advertisement -