Научници создадоа магична боја – штеди енергија, одбива светлина и може да трае со векови

- Advertisement -

Американски научници успеаја да направат нов вид на боја која е ултралесна, не бледее, се нанесува во нанометарски слоеви и е еколошки поприфатлива од боите на база на пигменти. Оваа боја ја одбива топлината, штеди енергија, може да има каква било нијанса и боја и може да трае со векови. Оваа боја е најлесната кога било создадена, а научниците за нејзиното создавање се инспирирале од крилата на пеперутките.

Новата магична боја не е направена од пигменти како обичните бои, туку се создава структурно со распоред на наночестички. Научниците ја нарекуваат плазмонска боја. Според нивните пресметки, би биле потребни само 1,4 кг од оваа боја за да се обои цел авион „боинг 747“. За споредба, би биле потребни најмалку 454 кг од обична боја за да се обои авионот. Исто така, оваа боја може значително да ја намали количината стакленички гасови кои се испуштаат при летањ.е.

- Advertisement -

Новата боја е создадена засега само во лабораторија, така што е уште далеку од масовно производство. Научниците сепак, веќе ја направија во различни бои користејќи техники кои лесно може да се зголемат на индустриско ниво, што е и нивна долгорочна цел.

Друг бенефит на бојата е што може да помогне во одржувањето пониски температури во структурите затоа што го рефлектира црвениот спектар, така што апросбира помалку топлина. Научниците тврдат дека површините под бојата остануваат 13-16 степени Целзиусови поладни отколку што би биле кога би биле обоени со обична боја.

- Advertisement -

Студијата е објавена во списанието Science Advances.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -