Пумпи вткаени во облека можат да греат и да ладат

- Advertisement -

Многу преносни технолошки уреди базирани на течности мора да имаат голема и бучна пумпа, која тешко се интегрира во облеката. Сега истражувачи од Лабораторијата за меки трансдуктори (LMTS ) на Федералната политехничка школа во Лозана развија елегантно едноставно решение за оваа дилема.

Тие ја претставија првата пумпа во светот во форма на влакно. Во суштина, тоа се мали цевки кои сами создаваат притисок и брзина на проток. Сега тие пумпи можат и да ги вградат во облека, велат од LMTS.

- Advertisement -

Влакнестите пумпи на LMTS користат принцип кој се вика електрохидродинамика на вбризгување набој за генерирање проток на течности без подвижни делови. Две спирални електроди вградени во малата пумпа ги јонизираат и ги забрзуваат молекулите на посебни течности. Движењето на јоните и формата на електродите создаваат проток на телноста нанапред. Тоа резултира со тивка работа без вибрации и бара само напојување со енергија и батерија со големина на дланка.

За да ја постигнат таа структура на пумпата истражувачите развиле нова техника која вклучува обвиткување на бакарни жици и полиуретански нишки заедно околу челична шипка, а потоа ги спојуваат со топлина. Откако ќе се отстрани шипката, влакната од 2 мм можат да се интегрираат во текстил со користење на стандардна техника на ткаење и шиење.

- Advertisement -

Бидејќи има едноставен дизајн, материјалите за изработка на пумпата се евтини и лесно достапни, а производниот процес може да се скалира. Бидејќи количината на притисокот кој го генерира пумпата е директно поврзана со должината, цевките може да се сечат за да одговараат на примената, со што се оптимизира ефектот со намалената тежина.

Студијата е објавена во списанието Science.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -