Рекорден прв квартал и раст на работни места во ТИРЗ

- Advertisement -

Во првиот квартал од 2023 година извозот од индустриските зони достигна 951,6 милиони евра што е највисоко ниво досега во последниве пет години. Анализата на ТИРЗ покажува дека тоа е пораст од речиси 12% во однос на истиот период лани и над 22% во однос на 2021г. Во однос на првиот квартал од 2020 извозната активност на компаниите е зголемена за дури 59%, во однос на 2019 за 37%, односно за 72% во однос на 2018, соопштуваат оттаму.Добивај вести на вибер

На месечно ниво вкупниот извоз од зоните во март достигна 345 милиони евра, што е за 31% повисоко споредено со март 2022.

- Advertisement -

И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе пет години. Така увозот во првиот квартал од годинава достигна 770 милиони евра и е за 3,5% повисок од првиот квартал лани, и речиси 5% повисок споредено со првиот квартал во 2021 година. Дури 40% е порастот на увозот во однос на 2020, додека споредно со првиот квартал 2019 година увозот пораснал за 21%, односно 57% однос на 2018.Во зоните во март месечниот увоз во ТИРЗ е на ниво од 279 милиони што е за 17% повеќе во однос на март лани. Анализата покажува дека во третиот месец од годинава е регистрирано и високо ниво на нето извозот од 23,4%.

Анализата покажува и дека продолжува растот на бројот на вработени кој во март достигна највисоко ниво досега. Во компаниите во ТИРЗ работат 16.650 наши сограѓани што е за речиси 15% повеќе во однос на истиот период лани. Само со почетокот на годинава над 260 наши сограѓани се вработиле во компаниите во ТИРЗ, велат од ТИРЗ.

- Advertisement -

Извор – Makfax

Сподели!
- Advertisement -