Xiaomi и германскиот производител на оружје Rheinmetall ќе прават електрични автомобили

- Advertisement -

Германскиот производител на оружје Rheinmetall извести дека ќе произведува делови за електрични автомобили заедно со кинески Xiaomi, кој одлучи да го прошири бизнисот надвор од сегментот за мобилни телефони.

Кинеската компанија се врти кон брзорастечкиот пазар за електрични возила, на кој ќе дебитира со моделот Xiaomi MS11, велат од Rheinmetall во соопштението. Производството на автомобили треба да почне идната година, додаваат те.

- Advertisement -

Вредноста на нарачките изнесува околу 50 милиони евра, според соопштението на германската компанија, која не го прецизира износот. Според договорот, Rheinmetall на Xiaomi ќе му испорача 600.000 комплети триаголни носачи со монтажни плочи. Освен оружје, Rheinmetal произведува и делови за возила, сензори и електронски системи.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Xiaomi Planet)

Сподели!
- Advertisement -