Нова гринфилд инвестиција на „Јагео” од над 200 милиони евра и нови 3.900 вработувања во зоните во Скопје и Штип

- Advertisement -



Денеска се најави новата инвестиција на „Јагео” во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката. Станува збор за гринфилд инвестиција во вредност од 205 милиони евра и над 3900 нови работни места.

Станува збор за водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40.000 вработени ширум светот. Електронските компоненти кои ги произведуваат и кои што се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија и слично.

- Advertisement -

„Направивме многу истражувања, но главната причина за нас да ја донесеме конечната одлука како групација беше 10-годишното искуство исто така и позитивниот однос и поддршка на Владата. Тоа се двата најважни фактори за нас, стабилноста на државата и квалитетната работна сила. Два производствени капцитети ќе се градат во Скопје, првиот во јули догодина, а потоа во втора фаза и во Штип“ – изјави Дејвид Ванг, главен изврешен директор на „Јагео“

Сподели!
- Advertisement -