Последните две години израелската компанија Steakholder Foods направи лабораториски одгледано говедско месо, а сега ги произведе првите цели филети од риба одгледани во лабораторија.
Филетите, кои допрва ќе се најдат на пазарот, се направени целосно во партнерство на Steakholder Foods и сингапурската компанија Umami Meats. Сингапурската компанија ги обезбедила матичните клетки, кои потоа Steakholder ги одгледала и ги вградил во биоматеријал за 3Д печатење.
Филетите кои ги направиле се спремни за приготвување веднаш после печатењето, а имаат природна нежна текстура. Останува да се патентира новоразвиената технологија. Наспрема тоа, останатото месо одгледано во лабораторија бара период на инкубација и созревање после печатењето..
Наводно, филетите имаат и вкус на вистинска риба. На неодамнешната дегустација одржана во просториите на Steakholder посебно избрани гости имаа прилика да ги вкусат филетите.
(Vidi.hr)
(фото: Wallpaper Flare)