Изграден најголемиот електричен авион во светот со нула емисија на гасови

- Advertisement -

Alaska Airlines склучи партнерство со американската компанија ZeroAvia, која дизајнираше и произведе авионски електричен систем за водород и го вгради во „бомбардиер Q400′. Авионот на тој начин ќе го зголеми досегот и ќе се прошири примената на технологијата за нула емисија во авииндустријата. Ова е битен чекор за достигнување нула емисија на гасови на авионите.

Alaska Airlines го добила авионот Q400 со 76 седишта од регионалниот авиопревозник Horizon Air за истражување и развој. Авионот бил обоен со посебна боја во чест на иновативната мисија на ова партнерство. ircraft to ZeroAvia for research and development purposes.

- Advertisement -

ZeroAvia дебитира со својот нов мултимегаватен модуларен електричен мотор во овој авион. Технологијата за електрични мотори комбинирана со PEM горивни ќелии на повисока температура се еден од клучните елементи за комерцијализација на моторите на водород за поголеми авиони.

Електричниот мотор на водород на ZeroAvia со нула емисија на гасови користи горивни ќелии за да генерира електрицитет од водородот, пред да го искористи тој електрицитет за напојување и да ги придвижи пропелерите. Системот ZA2000 ќе вклучува High-Temperature PEM горивни ќелии и течен водород, кои се неопходни за да се осигура соодветна густина на енергија за комерцијални летови.

- Advertisement -

Компанијата веќе има склучено партнерство со De Havilland во Канада, кој е оригиналниот производител на фамилијата авиони Dash 8.

„Пред неколку години беше незамисливо авион со оваа големина да лета со оваа нова технологија. Лансирањето ан оваа програма ќе ни овозможи во наредните неколку години да правиме тест летови и го забрзува остварувањето на нашата цел – летови со Alaska Airlines и во целиот свет со нула емисија на гасови“ вели Вал Мифтаков, основач и извршен директор на ZeroAvia.

- Advertisement -

Проектот има за цел да направи комерцијален авион со нула емисија на гасови и нова генерација мотор со горивни ќелии, што е околу пет пати помоќен отколку сегашните. Проектот е доказ и дека се потребни нови технологии за да се постигне нула карбонска емисија во авијацијата и единствено може да се постигне преку партнерства и соработка меѓу различни играчи воо оваа индустрија .

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -