Ричрд Бренсон ја планира првата комерцијална мисија на вселенски туризам за јуни

- Advertisement -

Компанијата Virgin Galactic, која е во сопственост на сер Ричард Бренсон, ќе го почне својот бизнис со комерцијален вселенски туризам во јуни годинава. Virgin Galactic требаше да го реализира првиот комерцијален лет во вселената во мај, кој ќе беше вкупно петти за вселенскиот авион VSS Unity и прв од јули 2021 година, кога Бренсон патуваше во суборбиталната вселена заедно со три члена на екипажот.

На тест патувањето во јуни ќе одат шест вработени во компанијата, а ако се оди според планот, Virgin Galactic се надева дека првиот комерцијален лет ќе се реализира во јуни. Секој досегашен лет со авионот VSS Unity беше тест, а и наредниот лет во јуни нема да биде ништо поинаков. Меѓутоа, летот наречен Unity 25 треба да биде воедно и последниот тест лет пред услугата вселенски туризам да стане достапна за сите.

- Advertisement -

“Unity 25 претставува финална проценка на целиот систем за вселески летови и искуството на астронаутите пред комерцијалната услуга да биде отворена на крајот на јуни“ соопштија од Virgin Galactica.

Оваа компанија сака да испраќа патници во суборбиталната вселена за на краток период да можат да ја видат Земјата од вселената.Компанијата за тоа го користи вселенскиот авион VSS Unity, како и авионот-носач VMS Eve, кој го подига на висина од 15 км. Потоа VMS Eve го испушта вселенскиот авион VSS Unity, кој потоа го продолжува патот во суборбиталната вселена.

- Advertisement -

На тест летот Unity 25, Virgin Galactic ќе испрати четворица вработени и двајца пилоти. Мисијата го носи тоа име затоа што станува збор за 25-тиот лет на Unity.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -