Нова студија покажа можна поврзаност меѓу мобилните телефони и високиот крвен притисок

- Advertisement -

Сте размислиле ли некогаш кои се потенцијалните ризици од мобилните телефони по вашето здравје? Нашите телефони се дигитални уреди кои емитуваат повеќе видови зрачење и не едобро тоа што постојано ги користиме. Една нова студија спроведена од страна на UK Biobank покажа дека постои можна поврзаност меѓу користењето мобилни телефони и високиот крвен притисок. Во студијата биле вклучени над 212.000 луѓе кои немале претходни проблеми во крвниот притисок. Се покажало дека тие што ги користеле своите телефони најмалку еднаш неделно или добивале повици имале значително поголем ризик од појава на хипертензија.

Експериментот траел 12 години и 13.984 од учесниците добиле висок крвен притисок. Истражувачите откриле дека споредено со луѓето што не користат мобилни телефони, тие што ги користат телефоните имаат 7% поголем ризик да развијат хипертензија.

- Advertisement -

Оваа нова информација е особено релевантна. Хипертензијата е позната како тивок убиец и е водечка причина за појава на срцеви заболувања. Може да се појават и сериозни компликации како што се мозоче удар или болест на убрезите. Исто така, хипертензија имаат 1 милијарда луѓе во светот.

Иако студијата не е доказ за директна врска меѓу мобилните телефони и високиот крвен притисок, исто така покажува дека има можна конекција која треба дополнително да се истражува.

- Advertisement -

Авторите на студијата сметаат дека можната конекција е електромагетната радијација од мобилните телефони. Докажано е дека EMR има потенцјално влијание врз човечкото здравје. Претходните студии најдоа конекција меѓу користењето мобилен телефон и покачениот крвен притисок и забрзаниот срцев ритам.

Сепак, битно е да се напомене дека не се сите мобилни телефони исти. Студијата посебно се фокусирала на користењето мобилни телефони за телефонски повици, па затоа уште не е јасно дали другите начини на употреба на телефоните како пишувањето пораки или користењето апликации имаат исти ефекти врз крвниот притисок.

- Advertisement -

Сепак, она што е јасно е дека нашите модерни технологии може да имаат несакани последици врз нашето здравје и многу е битно да се продолжи со истражување и разбирање на потенцијалните ризици.

(Interesting Engineering)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -