Во Хрватска беше пуштена во работа соларната електрана Обровац, која има инсталирана моќност од 8,7 MW и моментално е најголемата таква централа во Хрватска. Електраната Обровац, вредна 6,9 милиони евра, е изградена на површината на поранешна фабрика за алуминиум. На површина од 117.137 квадратни метри инсталирани се 27.544 фотонапонски модули од домашен производител.
После електраната на ветар Корлат, пуштена во работа во 2021 година и соларната централа Стабковци, која е во погон од 2022 година, Обровац е третата електрана на HEP која користи обновлив извор на енергија во Задарската жупанија и е реализирана во склоп на стратегијата HEP 2030.
Тоа е вкупно седма по ред соларна централа на HEP и една од четирите соларни електрани кои се пуштени во работа во текот на оваа година. После Обровац, во Меџимурје, HEP свечено ќе ја отвори и соларната централа Доња Дубрава, која ќе стане најголема соларна централа во Хрватска. До крајот на летото HEP ќе има во погон уште две соларни електрани, со што нивниот број ќе достигне 10.
(Vidi.hr)
(фото: Piqsels)